![]() |
![]() |
|||
|---|---|---|---|---|
|
|
20 Јули 2010 год. Тренерската Организација при ФФМ го закажа вториот Форум на тренерите во Македонија за 24.07.2010 во Хотел КОНТИНЕНТАЛ, со почеток во 09.45 часот. на него ќе присуствуваат тренерите од сите пет фудбалски региони а дневниот ред е следен: 1. Избор на Претседател на Тренерска Организација, по претходно доставени предлози од координаторите на региони 2. Избор на членови на Одборот на Тренери, по претходно доставени предлозиод координаторите на региони 3. Прва седница на новиот Претседател и Одбор на Тренери Форумот треба да заврши во 11.00 по што следи пауза за кафе и потоа заедно со Центарот за Едукација следи лиценцирање на тренерите во сениорските екипи од Прва и Втора МФЛ, каде присуството на сите тренери во Стручните Штабови е задолжително. Со почит, Тренерска Организација Центар за Едукација Вујадин Станојковиќ Небојша Марковски Претседател Директор __________________________________________________________________________________ 07 Април 2010 год. Управниот Одбор на Фудбалската федерација на Македонија, на својата седница одржана на 20.02.2010 година донесе ОДЛУКА (бр. 02-78/5) објавена во МАКФУДБАЛ Вон.бр. 3 од 10.03.2010 год. со која ги усвои предлозите на Одборот на Тренери за измени во Правилникот на одборот на тренери и во Правилникот за издавање на Лиценци/дозволи за работа на тренерите во Македонија. Со овие измени се подобруваат условите, можностите и ограничувањата за отпуштање и ангажирање на тренери во Професионален работен однос. Измените можете да ги видите во делот Документи од каде можете и да преземете. Со почит, Вујадин Станојковиќ Претседател __________________________________________________________________________________ 06 Февруари 2010 год. IN MEMORIAM, Уран УМЕРИ (1955 - 2010) Тренерската Организација на Македонија од името на сите свои членови, Одборот на Тренери како и Претседателот на Тренерска Организација изразуваат длабоко сочуство со фамилијата, роднините и сите пријатели на нашиот колега. УРАН УМЕРИ, е носител на УЕФА ПРО Лиценца од првата генерација на македонски тренери кои ја реализираа програмата за добивање на ПРО Лиценца во 2005 година. Во својата кариера како тренер работеше во неколку клубови во Швајцарија а во Македонија како тренер работеше во ФК Шкендија од Тетово со А тимот како и со младинците на овој клуб, ФК Дрита од Боговиње, додека во националните селекции работеше како Селектор на Репрезентација до 15 години и Асистент на Селекторот на А Репрезентација. Како играч настапувал за екипите ФК Тетекс - Тетово, ФК Чукарички и ФК Обилиќ од Србија, ФК Кројцлинген, ФК Вејнфелден и ФК Еминсхофен од Швајцарија. Од 2002 година Уран УМЕРИ е постојан член на Одборот на Тренери а од 2006 година и координатор на тренерите од западниот фудбалски регион. Неговата посветеност и енергија со која ја работеше својата работа е пример како се почитува и сака тренерската работа. Во тренерските кругови Уран важи за вреден, исполнителен, дисциплиниран и секогаш навреме со своите обврски како во клубовите каде што работел така и во Националните селекции и Тренерскиот Одбор.
Почивај во мир,
Тренерска Организација при Фудбалска Федерација на Македонија __________________________________________________________________________________ 30 Декември 2009 год. Тренерска Организација при Фудбалската федерација на Македонија, на сите свои членови, тренери кои работат во Македонија и надвор од неа, им ги честита претстојните Новогодишни и Божиќни празници, со желба за добро здравје, добра работа и многу успех на резултатски план во било кој клуб или селекција да работат. Вујадин Станојковиќ Претседател __________________________________________________________________________________ 1 Јуни 2009 год Претседателот на Тренерската Организаицја при Фудбласката федерација на Македонија, по повод свеченото отворање и отпочнување со наставата за добивање на УЕФА ПРО Диплома на втората генерација на тренери, додели ПРИЗНАНИЈА за успешна пормоција на тренерската работа и македонскиот фудбал во странство и тоа на следниве тренери: ЃОКИЦА ХАЏИЕВСКИ ТОНИ САВЕВСКИ БОРЧЕ ХРИСТОВ и МУАРЕМ ЗЕКИР сите овие тренери со својата работа и резултати во клубовите каде што работат допринесуваат за подигнување на рејтингот и цената на македонскиот тренер и македонскиот фудбал воопшто. Вујадин Станојковиќ Претседател __________________________________________________________________________________ Претседателот на Одборот на Тренери ја закажува Десетата седница на Одоборот на Тренери при Фудбалската федерација на Македонија, за 15.04.2009 година со почеток во 11.00 часот во просториите на ФФМ со следниот дневен ред: 1. Усвојување на записникот од Деветата седница 2. Организирање на избор на нов Претседател на Одборот на Тренери, Одбор на Тренери и Комисии при Одборот на Тренери 3. Предлог до УО на ФФМ за дополнување на Правилникот за натпреварување во Прва и Втора МФЛ, а во однос на назначување на Шеф на Стручен Штаб на екипата 4. Разно Вујадин Станојковиќ Претседател __________________________________________________________________________________ Почитувани тренери, Центарот за Едукација и Тренерската Организација на ФФМ успеаа да обезбедат пристап до базата на тренинзи и тренинг технологијата на УЕФА. Секој тренер во Македонија може да има пристап само со пополнување на формуларот кој можете да го најдете на следниот линк: http://www.questback.com/uefa/coachescircle Со почит, Вујадин Станојковиќ Претседател __________________________________________________________________________________ 23 Февруари 2009, (Понеделник - ХОТЕЛ Континетал) Програма за I-иот Симпозиум на Тренерската Организација при ФФМ: 10.30 Пристигнување на тренерите и повиканите гости 11.00 Отворање и воведен збор од страна на - Вујадин Станојковиќ - Претседателот на Тренерска организација, - Никола Костов, Генерален Секретар на ФФМ - Харалмпие Хаџи Ристески, Претседател на ФФМ, кој воедно и ќе ги додели признанијата за животно дело на следниве тренери, а по предлог и одлука на Комисијата за признанија и награди при Тренерската Организација на ФФМ: Андон Дончевски, Ванчо Трпевски, Јово Никушев, Мирко Наџаков, Кирил Дојчиновски, Зоран Мишиќ и постхумно на Часлав Божиновски, Перица Груевски и Илија Димоски 11.30 Анализа на ЕУРО 2008, Проф. Д-р Небојша Марковски (кликни на линкот за да ја симнеш резентацијата) 12.20 Лидерство и водење на екипа, Проф. Д-р Вујица Живковиќ (кликни на линкот за да ја симнеш резентацијата) 13.00 Пауза за кафе 13.20 Развој и перспективи во женскиот фудбал, Проф. Добрислав Димовски (кликни на линкот за да ја симнеш резентацијата) 14.00 Правила на фудбалската игра, Проф.Пане Иванов, Претседател на Стручен Совет на Судиски Одбор 15.00 Ручек - закуска Вујадин Станојковиќ Претседател ________________________________________________________________________________ 23 Февруари 2009, 10.30 часот Во ХОТЕЛ Континентал ќе се одржи првиот еднодневен: СИМПОЗИУМ НА ТРЕНЕРСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА по зачленување во Европската тренерска Алијанса, на кој присуствувото на сите фудбалски тренери во Македонија е задолжително. Ги охрабруваме и оние тренери кои во моментов не работат никаде или сеуште не се здобиле со тренерска диплома да присуствуваат на симпозиумот. Присуството на тренерите на Симпозиумот е бесплатно, а на крај од програмата сите ќе добијат едукативен материјал во вид на печатен материјал и ДВД исто така бесплатно. Комплетната програма дополнително ќе биде објавена на сајтот во наредните денови. Вујадин Станојковиќ Претседател ________________________________________________________________________________ 24 Ноември 2008, 12.00 часот, Претседателот на Тренерската организација на Македонија ја закажува деветата седница на Одборот на Тренери со следниот дневен ред: 1. Усвојување на записник од Осмата седница на Одборот на Тренери 2. Извештај до Одборот на Тренери за присуство на 29-иот Симпозиум на Европската Тренерска Алијанса во Франкфурт, Германија 3. Ревидирање и дополнување на Договорот за професионално Тренирање 4. Предлог за начин и место на одржување на годишен собир на сите фудбалски тренери во Македонија 5. Разно
Вујадин Станојковиќ Претседател ________________________________________________________________________________ 25 - 29 Октомври 2008, Во Франкфурт, Германија ќе се одржи годишното собрание на европската тренерска алијанса AEFCA, Тренерската Организација на Македонија како полноправна членка на алијансата ќе биде претставена со двајца претставници и тоа Претседателот на МТО Г-дин Вујадин Станојковиќ и Техничкиот Секретар на МТО Г-дин Марио Ѓурчиновски кој воедно е и координатор помеѓу AEFCA и Македонската Тренерска Организација. На собранието покрај редовниот состанок и согледување на состојбите во алијанста предвидени се и теоретско-практични презентации од еминентни предавачи на тема: НОВИ ТРЕНДОВИ НА ЕУРО 2008 - Релевантни за Грасрутс Фудбалот Сите добиени информации и едукативни материјали се на располагање на заинтересираните тренери и истите ќе можат да ги подигнат во канцеларијта на Тренерската Организација.
Претседател на Тренерска Организација Вујадин Станојковиќ ________________________________________________________________________________ 10 Септември 2008, Фудбалската Тренерска Организација на Македонија на чело со својот Претседател г-дин Вујадин Станојковиќ, официјално се обрати до Српската тренерска организацијаа во врска со нападите врз Македонскиот тренер Чеде Јаневски кој е назначен за Шеф на Стручниот Штаб на ФК Црвена Звезда од Белград. Г-динот Станојковиќ бара од Српската тренерска организација да му даде подршка и заштита на Јаневски од нападите на српските тренери и спортски весници, кои го осудуваат неговото назначување и веќе го прогласија за лош потег на Управата на ФК Црвена Звезда, а се со цел да може успешно и непречено да ја работи својата работа. Г-динот Јаневски е докажан тренер кој успешно работел во повеќе европски клубови како Бриж, Гент, Олимпијакос, и само резултатите можат да покажат кој е во право. Ние како Македонската Тренерска Организација и му даваме целосна подршка на новиот тренер на ФК Црвена Звезда Г-дин Чеде Јаневски, и искрено му посакуваме да има добри резултати и да го врати реномето на еден од најдобрите српски клубови на највисоко ниво. Исто ова важи и за сите македонски тренери кои работа надвор од Македонија, секогаш стоиме на распологање и подготвени да помогнеме.
Претседател на Тренерска Организација Вујадин Станојковиќ ________________________________________________________________________________ 2 Септмеври 2008, Одреден е тремин за одржување на курсот за добивање на УЕФА Б Тренерска лиценца, за повеќе информации одете во делот за тренери (УЕФА Б) и следни активности. ________________________________________________________________________________ 26 Јули 2008, 10,30 часот Тренерската организација и Центарот за Едукација при Фудбалската федерација на Македонија ќе го одржат годишното лиценцирање за издавање на Национални лиценци/дозволи за работа на тренерите во сениорските екипи во Прва и Втора МФЛ за натпреварувачка сезона 2008/09 година. Условите и потребните докумeнти за добивање на овие дозволи се следниве: 1.Тим менаџер/Шеф на стручен штаб во Прва МФЛ треба да има: - Најмалку УЕФА А диплома; (од оваа сезона натпреваручка сезона не важи „запишан на УЕФА А Диплома“, туку треба да ја поседува дипломата) -Договор за Професионално тренирање склучен со клубот во пет примероци; -Барање за издавање лиценца/дозвола за работа во Прва МФЛ; -Уплата на жиро сметка на ФФМ за потребните такси за издавање на дозволата; -Две слики. 2. Асистенти тренери и тренери на голмани во Прва МФЛ треба да имаат: -Најмалку УЕФА Б диплома;(од оваа сезона натпреваручка сезона не важи „запишан на УЕФА Б Диплома“, туку треба да ја поседува дипломата) - Барање за издавање лиценца/дозвола за работа во Прва МФЛ; -Уплата на жиро сметка на ФФМ за потребните такси за издавање на дозволата; -Две слики.
3. Тим менаџер/Шеф на стручен штаб во ВтораМФЛ и асистенти тренери и тренери на голмани треба да имаат: -Најмалку УЕФА Б диплома;(од оваа сезона натпреваручка сезона не важи „запишан на УЕФА Б Диплома“, туку треба да ја поседува дипломата) - Барање за издавање лиценца/дозвола за работа во Прва МФЛ; -Уплата на жиро сметка на ФФМ за потребните такси за издавање на дозволата; -Две слики. *за сите овие информации и потребни документи клубовите од Прва и Втора МФЛ, ќе добијат писмено известување на адреса на клубот.
Тренерска Организација Центар за Едукација Вујадин Станојковиќ Небојша Марковски Претседател Директор ________________________________________________________________________________ 18 Јуни 2008 година, 12,00 часот Одборот на тренери ќе ја одржи својата Осмата седница со следниот дневен ред: 1. Usvojuvawe na zapisnikot od Sedmata sednica na Odborot na Treneri. 2. Razgleduvawe na predlog za voveduvawe na zadol`itelni dogovori za trenerite vo mladinskite kategorii od natprevaruva~ka sezona2009/10 godina 3. Informacija za izmena vo Pravilnikot za natprevaruvawe vo vrska so licata vneseni vo zapisnikot na natprevarot. 4. Informacija za Nacionalnata strategija za razvoj i stru~no spisanie na Centar za Edukacija i Odbor na Treneri 5. Razno. Присутни на седницата: Вујадин Станојковиќ, Претседател Вујица Живковиќ, Потпредседател Шефки Арифовски, Потпретседател Мите Митев, член Уран Умери, член Влатко Костов, член Благој Истатов, член како и надворешните членови: Небојша Марковски, Дирекор на Центар за Едукација при ФФМ и Слободан Несторовски, Лиценцен Менаџер при ФФМ ________________________________________________________________________________ 24 Март 2008 година,
Тренерската Организација и Центарот за Едукација ги известуваат сите
заинтересирани тренери дека Холандската Фудбалска Асоцијација
(KNVB)
објави меѓународен конкурс за
упис на редовниот годишен тренерски курс
‘KNVB International Coaching Courses
Ова е Јубилеен 10-ти курс, и присутни се тренери од сите пет континенти, бројот на тренери-учесници е лимитиран на 25. Нивото на овој курс според квалитетот на предавачите и досегашните реализирани теми е меѓу УЕФА А и УЕФА ПРО. Аплицирањето за учество е можно единствено преку горенаведениот веб-сајт, за добивање на брошури и списанија од претходните курсеви, и сите останати информации преку директен контакт можете да се обратите на следните лица:
Johan van Geijn /
Michael van der Star
Telephone:
+31 343 499 175
Woudenbergseweg 56-58
//
3707 HX Zeist
Кои се одговорни за организација на курсот и прием на апликации. Напоменуваме дека за апликација на овој курс задолжително е добро познавање на Англискиот јазик.
Центар за Едукација Тренерска Организација Небојша Марковски Вујадин Станојковиќ Директор Претседател ________________________________________________________________________________ 22 Декември, 2007 година, Во организација на ФФМ и Одборот на Тренери при ФФМ, Тренерската Организација на Македонија го одржа редовниот годишен ФОРУМ НА ТРЕНЕРИТЕ. Форумот се одржа во Хотел КОНТИНЕНТАЛ со почеток во 10:00 часот. На Форумот присуствуваа вкупно 33 тренери-претставници на петте фудбалски региони како и 4 надворешни членови претставници од: -Центар за Едукација при ФФМ, Проф.Д-р Небојша Марковски -Факултет за Физичка Култура - Скопје, Проф. Д-р Вујица Живковиќ -Лиценцна Администрација при ФФМ, Слободан Несторовски -Младинска Комисија при ФФМ, Проф.Никола Поповски Покрај нив свое присусво на Форумот имаa и Г-дин Никола Костов Генерален Секретар на ФФМ, Г-дин Карлхајнц Равиол Генерален Секретар на УЕФТ/АЕФЦА, Г-дин Боро Мадиќ Претседател на Cудиски одбор при ФФМ, Г-дин Драгољуб Матовски член на УО на ФФМ и Г-дин Миле Спиркоски Комесар за Натпревари при ФФМ. На писмен предлог на координаторите на петте региони од Одборот на Тренери за Претседател на Тренерска Организација на Македонија едногласно е избран досегашниот Претседател на Одборот на Тренери Г-дин Вујадин Станојковиќ. Исто така договорено е Центарот за Едукација во соработка со Тренерската Организација да спроведат регионално лиценцирање на тренерите во младинските категории што треба да се реализира до почеток на пролетниот дел од сезоната 2007/2008. 22nd of December 2007, Macedonian Coaches Organization, together with Football federation of Macedonia, held the ordinary annual COACHES FORUM, which is the highest body in MCO. The Coaches FORUM was held in Hotel CONTINENTAL in Skopje starting at 10.00 o'clock. 33 coaches, representatives from the 5 football regions were present together with the 4 advisory members from: - Center for Education of FFM, Prof. D-r Nebojsa Markovski (Director of CE) - Faculty for Physical Education, Prof. D-r Vujica Zivkovic (ProDean of FPE) - Licensing Administration of FFM, M-r Slobodan Nestorovski (Licensing Manager) - Youth Committee of FFM, M-r Nikola Popovski (Presdinet of YC) Also their presence on the Coaches FORUM was acknowledged by Mr. Nikola Kostov, General Secretary of FFM, Mr. Karlheinz Raviol, General Secretary of UEFT respectively AEFCA, Mr. Boro Madik, President of the Referee's committee, Mr. Dragoqub Matovski, Member of FFM ExCo, Mr. Mile Spirkoski, Commissioner of the 1st and 2nd Macedonian League. On behalf of the previously delivered written suggestions from the 5 football regions, for the President of the Macedonian Coaches Organization, unanimously, is elected Mr. Vujadin Stanojkovik who is also President of the MCO ExCo. The Presidential Mandate is with 2 (two) year duration. Other matters concerning the National Licensing of the coaches, Educational courses for 2008, activities of the local Coaches Organization, tasks for the 2008 for the 5 regions have been discussed during the Coaches FORUM. Mr. Karlheinz Raviol, General Secretary of UEFT/AEFCA has a presentation for the members of the Coaches FORUM, concerning the foundation, growing, membership, structure, functioning, activities and future perspective of the UEFT/AEFCA which was followed by the explaining the Memorandum of Understanding signed by UEFT/AEFCA and UEFA. Some pictures from that event follows:
Вујадин Станојковиќ, Никола Костов, Карлхајнц Равиол, Мите Митев Vujadin Stanojkovik, Nikola Kostov, Karlheinz Raviol, Mite Mitev
Карлхајнц Равиол и Вујадин Станојковиќ Karlheinz Raviol and Vujadin Stanojkovik,
Вујица Живковиќ, Шефки Арифовски, Вујадин Станојковиќ, Мите Митев, Марио Ѓурчиновски Vujica ZIvkovik, Sefki Arifovski, Vujadin Stanojkovik, Mite Mitev, Mario Gjurcinovski
_______________________________________________________________________________ 20 Септември 2007 година, 20th September 2007,
|
|||
Power By
WebMasterVI, 2007 |
||||